ОД ПОСЛЕДНИ ВО РЕФОРМИТЕ ИЗЛЕГОВМЕ ПРВИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН Мицкоски очекува позитивна потврда на реформската агенда и во јунскиот извештај на ЕК

Премиерот, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека она што го говори опозицијата не заслужува коментар и додаде дека претпоставува оти атмосферата во опозицијата е специфична и како резултат на неа понекогаш има разни ставови за иста тема во текот на еден ден.

243

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека интензивно се работи на сите портфолија за претстојниот период од реформската агенда и нагласи оти очекува позицијата први во регионот Западен Балкан – 6 во јануарскиот извештај да се потврди и во јунскиот извештај за Македонија.

Премиерот, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека она што го говори опозицијата не заслужува коментар и додаде дека претпоставува оти атмосферата во опозицијата е специфична и како резултат на неа понекогаш има разни ставови за иста тема во текот на еден ден.






– Но, која е вистината и кои се фактите? Фактите се, рековме, дека од последни во групата Западен Балкан 6, ќе бидеме први. Се зафативме со жестока работа веднаш по завршувањето на локалните избори и еве веќе во јануарскиот извештај сме први. Сега следува јунскиот извештај на крајот од јуни. Имам интензивна комуникација со господинот Герт Јан Копман, работиме на сите портфолија во рамките на Владата и очекувам оваа позиција да ја потврдиме и по јунскиот извештај. Овие 30-31 милион евра, кои претставуваат директна буџетска поддршка, очекувам до крајот на годината да се приближиме до бројката од 100 милиони директна буџетска поддршка, кога на тоа ќе се додадат и финансирањата и средствата предвидени за проекти, таа бројка ќе биде неколку стотици милиони евра и така ќе продолжиме и во периодот што следува – рече Мицкоски.

Европската комисија вчера ја одобри новата транша во износ од 65,7 милиони евра за земјата во рамките на планот за раст за Западен Балкан и механизмот за реформи и раст.

Од вкупно одобрените 65,7 милиони евра, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, а преостанатите средства ќе бидат ставени на располагање за инвестициски проекти преку инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Поврзани содржини