„МОЗОКОТ“ НА АФЕРА ТЕШКА 100 МИЛИОНИ СО БАРАЊЕ ДО ЗЕЛЕНСКИ Поранешниот партнер на украинскиот претседател поднесе тужба
Поранешен деловен партнер и пријател на Володимир Зеленски, поднел тужба против украинскиот претседател барајќи да се укинат санкциите воведени по големата антикорупциска истрага.
Бизнисменот Тимур Миндич, кој важел за близок пријател и поранешен деловен партнер на украинскиот претседател Володимир Зеленски, поднел тужба со која бара да се поништат санкциите воведени против него минатата есен.
Според судските записи, Миндич во мај поднел тужба до Касацискиот административен суд во Украина.
Тој бара санкциите да бидат прогласени за нелегални, а претседателскиот декрет да биде поништен.
Украинските власти го сомничат Миндич дека стоел зад корупциска шема тешка околу 100 милиони долари поврзана со државниот нуклеарен оператор „Енергоатом“.
По отворањето на истрагата, Зеленски на 13 ноември вовел санкции против Миндич и бизнисменот Олександр Цукерман, кој исто така е осомничен во случајот.
Екстрадиција од Израел? – Тешко
Миндич, кој има израелско државјанство, ја напуштил Украина непосредно пред да биде обвинет.
И Цукерман ја напуштил земјата.
Украина оваа пролет побарала нивна екстрадиција од Израел.
Детективот Олександр Абакумов, кој го води случајот, изјавил дека екстрадицијата од Израел е исклучително сложена процедура.
– Израел е многу тешка земја кога станува збор за екстрадиција. За да екстрадирате лице, во пракса мора да го предадете целиот материјал од кривичниот случај – изјавил Абакумов.
Нова истрага за перење пари
Во меѓувреме, против Миндич била отворена и нова истрага за перење пари поврзано со изградба на луксузен комплекс во близина на Киев.
Во истиот случај се обвинети уште6 лица.
Според извештаите, меѓу нив има и поранешни високи функционери од украинската власт. Случајот се смета за една од најголемите антикорупциски истраги откако Зеленски е на власт.