ХАЛКБАНК СО НОВА ДОКАПИТАЛИЗАЦИЈА ОД 40 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупната актива на Банката достигна 2,15 милијарди евра
Oваа докапитализација ја потврдува стратешката определба на Банката за долгорочно присуство и раст на македонскиот пазар.
Халкбанк АД Скопје ја зацврстува својата позиција на еден од клучните столбови на македонскиот финансиски систем со нова докапитализација во износ од 40 милиони евра, обезбедени директно од матичната банка, гигантот Халкбанкаси АШ Туркије.
Со оваа стратешка инвестиција, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигнува 2,15 милијарди евра. Она што дополнително влева сигурност кај депонентите и инвеститорите е нивото на вкупен капитал на банката, кој сега изнесува 412 милиони евра. Овие бројки ја позиционираат Халкбанк како една од најсилно капитализираните банки во регионот.
Најновата докапитализација е продолжение на континуираната поддршка што Халкбанк ја добива од својата матична банка, која и во изминатите години повеќепати инвестираше во зголемување на капиталот и развојот на Банката во Македонија. Таквата конзистентна поддршка претставува силен сигнал за доверба во домашниот пазар, но и во капацитетот на Халкбанк да испорачува одржлив раст и иновативни банкарски решенија.
Зголемувањето на капиталот не е само финансиски показател, туку стратешка одлука која овозможува зголемен кредитен потенцијал, поголема поддршка за македонското стопанство и граѓаните преку поволни кредитни линии и продолжување на инвестициите во најсовремени финтек и дигитални решенија. Во услови на глобални економски предизвици, ваквите потези значат дополнителна сигурност за клиентите и партнерите на Банката, бидејќи обезбедува највисоко ниво на капитална адекватност, што е гаранција за сигурноста на сите заштеди и вложувања.
– Оваа докапитализација е потврда дека Халкбанк не е само финансиска институција, туку долгорочен партнер на македонската економија. Со поддршка од нашиот силен сопственик, продолжуваме да градиме банка која е синоним за доверба и напредок – велат од банката.
Со засилен капитал и стабилна актива, Халкбанк е подготвена уште поинтензивно да ја поддржува економијата, да финансира развојни проекти и да биде двигател на позитивни промени во општеството. Истовремено, оваа докапитализација ја потврдува стратешката определба на Банката за долгорочно присуство и раст на македонскиот пазар.
Халкбанк останува посветена на создавање вредност, за луѓето, своите клиенти, за економијата и за заедницата во целина.