📽️ ЗОШТО ПУТИН ГО СОБЛЕЧЕ САКОТО ВО ПЕКИНГ? Откриени тајни сигнали во Кина, рускиот лидер покажува кој е „шеф“ со еден потег
Кинеските медиуми и аналитичари ја анализираат секоја сцена од посетата на Владимир Путин на Пекинг – од автомобилот со број 888 до моментот кога рускиот лидер го соблече сакото пред камерите.
Кинеските медиуми внимателно ја следат посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Пекинг, која се случи само неколку дена по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина.
– Двете посети се и рационални и нормални. Кина и Русија се соседни земји со одлични односи, а со САД тоа е однос меѓу две големи суперсили. Со Америка, во последните години имаше чувство на некаков вид конфронтација и тензија, додека со Русија ситуацијата беше многу полесна – велат аналитичарите.
Затоа, не е изненадување што извештаите и коментарите за посетата на Путин на Пекинг се „максимално позитивни“.
На рускиот претседател му била укажана највисока чест. На аеродромот го пречекал кинескиот министер за надворешни работи, а во негова чест на плоштадот Тјенанмен бил организиран и топовски поздрав.
– Му доделија автомобил со регистарска табличка 888 во Пекинг. Осумката е среќен број во Кина и тоа има силна симболика. Во кинеските медиуми посебно внимание привлече и моментот кога Путин го соблече сакото при влегувањето во автомобилот, иако времето не било топло. Аналитичарите оценуваат дека со тоа сакал да покаже колку е опуштен и сигурен во односите со Кина – наведуваат експерти.
View this post on Instagram
Дополнително внимание привлекла и средбата со Пенг Паи – момчето на кое Путин му пришол и му дал бакнеж за време на посетата на Кина во 2000 година.
– Тој момент со години се споменува како симбол на блиските односи меѓу Кина и Русија. Кинеските медиуми дури го пронајдоа Пенг Паи, кој денес е возрасен човек, и организираа повторна средба со Путин – посочуваат аналитичари.
Посетата, иако траела само еден ден, била оценета како исклучително значајна. Путин во Пекинг пристигнал со делегација составена од пет вицепремиери и осум министри.
Во пресрет на посетата, рускиот претседател објавил и видео на социјалните мрежи во кое зборува за важноста на односите меѓу Кина и Русија.
– Пораката беше дека партнерството меѓу Москва и Пекинг не е ексклузивно, туку дека двете земји сакаат да вклучат и други држави во модел на соработка што Кинезите често го нарекуваат „win-win“ – велат аналитичарите.
Светските медиуми оценуваат дека посетата на Путин, само неколку дена по посетата на Трамп, дополнително ја покажала геополитичката тежина на Кина и улогата на кинескиот претседател Си Џинпинг.
Лондонскиот весник „The Economist“ објави дека за време на прошетка низ градините на Џонгнанхаи во Пекинг, Трамп го прашал Си дали таму често носи светски лидери.
– Не, многу ретко, но Путин бил тука – му одговорил кинескиот претседател.