СИЛЕКС ГО ОСВОИ КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА Ја совлада тетовска Шкендија во финалето

Во тврд и неизвесен натпревар победникот беше решен во 71.минута кога по контрата на Дарко Додев, на вистинското место беше Ади Алиќ и ја затресе противничката мрежа.

57

Фудбалерите на Силекс го освоија Купот на Македонија откако во финалето што се одигра вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ ја совладаа тетовска Шкендија со 1:0. За екипата од Кратово ова е четврти трофеј во Куп натпреварувањето откако претходно победија во финалните натпревари 1994, 1997 и 2021 година.

Во тврд и неизвесен натпревар победникот беше решен во 71.минута кога по контрата на Дарко Додев, на вистинското место беше Ади Алиќ и ја затресе противничката мрежа. Во продолжение имаше и многу нервоза на теренот и судијата Игор Стојчевски подели шест жолти картони од вкупно осум на натпреварот.






На почетокот на натпреварот навивачката група на Шкендија ја исвирка химната на Македонија.

Силекс со освојувањето на пехарот се изедначи со Работнички со по четири трофеи, а Вардар е прв со шест, додека Шкендија остана со два пехара во ова натпреварување.

Силекс со освојувањето на Купот на Македонија успеа да избори пласман во УЕФА конференциската лига.

Поврзани содржини