ДРАМА НА СТОЧЕН ПАЗАР ВО СКОПЈЕ Закани со пиштол и напад врз татко и син

На сточниот пазар во Гази Баба едно лице најпрво упатило закани со пиштол, а потоа нападнало две лица.

96

Инцидент со закани и физички напад на сточен пазар во скопската општина Гази Баба бил пријавен во полиција, откако, според пријавата, 46-годишен скопјанец и неговиот татко биле нападнати поради наводни долгови.

Случајот во СВР Скопје го пријавил Д.Г.(46), кој навел дека инцидентот се случил утрото околу 08:45 часот, на сточниот пазар во Гази Баба.






Според пријавеното, лицето Н.А. прво упатило закани со пиштол, а потоа физички ги нападнало Д.Г. и неговиот татко. Во нападот двајцата се здобиле со повреди.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу инцидентот.

Поврзани содржини