НОВ КОНФЛИКТ ЌЕ ДОНЕСЕ УШТЕ ПОГОЛЕМИ ИЗНЕНАДУВАЊА Аргачи упати сероизни предупредувања до САД и Израел

Иран предупредува на нова ескалација со САД и Израел, тврдејќи дека неговата војска е „посилна и поискусна“ по претходните конфликти.

252

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, испрати остро предупредување дека евентуално ново разгорување на конфликтот со САД и Израел би донело, како што вели, „многу поголеми изненадувања“.

Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Арагчи порача дека иранските вооружени сили во меѓувреме стекнале значително ново искуство и капацитети, што би се одразило во секој нов судир.






Тој изјави дека за време на претходните конфликти биле уништени десетици скапи воени авиони, а дури спомена и тврдења дека иранските сили први собориле борбен авион „Ф-35“.

– Со научените лекции и стекнатото знаење, враќањето во војна ќе донесе уште поголеми изненадувања – порача Арагчи.

Овие изјави доаѓаат во период на зголемена реторика меѓу Техеран и Вашингтон, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп предупреди на можни нови напади доколку не дојде до договор во тековните индиректни преговори.

Според иранските тврдења, претходната воена ескалација започната на 28 февруари била насочена кон цивилна инфраструктура, додека како одговор Иран извршил серија напади врз цели во регионот поврзани со САД и Израел.

Поврзани содржини