ЕУ БАРА КОМПАНИИТЕ ДА ЈА НАМАЛАТ ЗАВИСНОСТА ОД КИНЕСКИ КОМПОНЕНТИ Се подготвуваат нови правила

Планот во рана фаза ќе бидат презентирани на состанокот на Европската комисија посветен на Кина на 29 мај, а лидерите на ЕУ би можеле да ги одобрат на крајот на јуни.

52

Европската Унија разгледува правила што би барале од европските компании да набавуваат делови  од најмалку три различни добавувачи, во обид да ја ограничат зависноста од Кина.

Новите мерки би биле насочени кон компаниите во неколку клучни сектори, вклучувајќи хемикалии и индустриски машини и би ги ограничиле купувањата од кој било поединечен добавувач на околу 30%-40%, објави „Фајненшл тајмс“.






Останатите компоненти би морале да доаѓаат од најмалку три различни добавувачи, а не сите од истата земја.

Планот во рана фаза ќе бидат презентирани на состанокот на Европската комисија посветен на Кина на 29 мај, а лидерите на ЕУ би можеле да ги одобрат на крајот на јуни.

Новите правила доаѓаат во време кога Кина ја користи својата доминација врз преработката на многу минерали, понекогаш ограничувајќи го извозот, потиснувајќи ги цените и поткопувајќи ја способноста на другите земји да ги диверзифицираат своите извори на материјали што се користат за производство на полупроводници, електрични возила и напредно оружје.

 

Поврзани содржини