ЛЕВИЦА НЕМА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ФРОНТОТ НА ФИЛИПЧЕ И НА СДСМ „Со кого да се обединуваме, со корумпирани и компромитирани?“
Најстрашното нешто е што можеме да дозволиме е СДСМ да биде некаков елемент за обединување. Околу кого да се обединиме!? Напротив, во Скопје беше испратена порака дека следниот обединувачки елемент е Левица – вели пратеникот Амар Мециновиќ.
Опозициската партија Левица нема да биде дел од фронтот на опозициската СДСМ за вистина и правда со кој опозициски партии, невладини орагнизации и грпи граѓани ќе се борат против корупцијата. Пратеникот Амар Мециновиќ смета дека СДСМ нема кредибилитет да повикува на некакво обединување, бидејќи, како што вели, има корумпирано и компромитирано раководство.
– Во 2006 година, кога доаѓа Груевски на власт имав десет години. Во 2016 година, доаѓа СДСМ на власт кога имам 20 години и СДСМ ја продава најголемата фора во историјата на македонската политика. 2016 година кога македонското општество се мобилизира против Груевски, во тој период СДСМ ја имаше последната шанса во ова општетство за обединување. СДСМ има корумпирано и компромитирано раководство, изјави Мециновиќ за „Локално“.
Според него, опозициската СДСМ соработува со владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а тоа, како што вели, се покажало со нивното излегување од процесот за носење на нов Изборен законик.
– Излегоа од процесот на носење Изборен законик за да не се донесе законско решение за една изборна единица. Најстрашното нешто е што можеме да дозволиме е СДСМ да биде некаков елемент за обединување. Околу кого да се обединиме!? Напротив, во Скопје беше испратена порака дека следниот обединувачки елемент е Левица. Тоа се случува секојдневно, тоа се случува преку нашата теренска активност, преку нашата активност во Собранието. Сакаме да посочиме дека на следните парламентарни избори ќе се извадиме од канџите на двопартизмот – изјави Мециновиќ.