ЗЕЛА СЀ ШТО ИМАЛА ДОМА И ИМ ДАЛА Битолчанка измамена дека ќерка ѝ треба да се оперира

Жената од својот дом зела околу 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари и златен накит и ги предала на пријавените.

174

Тројца измамници зеле пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка, соопшти полицијата.

Полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција ги лишија од слобода Е.Ј.(46) од Скопје, Д.Т.(48) од Свети Николе и А.Т. (45) од Дојран и против нив поднесоа кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 09.03.2026, пријавените со уште едно лице, со лажно прикажување на факти довеле во заблуда жена од Битола дека нејзината ќерка ја скршила ногата и требало да се направи итна операција и ѝ побарале пари. Жената од својот дом зела околу 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари и златен накит и ги предала на пријавените.

Поврзани содржини