ЕМИРАТИТЕ ИЗЛЕГУВААТ ОД ОПЕК И ОД ОПЕК ПЛУС Како тоа ќе се одрази на пазарот на нафта?

Во соопштението објавено од државната агенција ВАМ, се наведува дека одлуката е донесена по „сеопфатен преглед“ на политиката за производство, сегашните и идните капацитети на ОАЕ, како и проценка на националниот интерес.

194

Обединетите Арапски Емирати се повлекува од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), како и поширокиот формат на ОПЕК+, а одлуката ќе стапи на сила на 1 мај 2026 година, објавија медиумите од Заливот.

Оваа одлука претставува еден од најсериозните удари врз ОПЕК во последните години, имајќи предвид дека ОАЕ е меѓу значајните членови на организацијата и еден од клучните производители на нафта во Персискиот Залив речиси шест децении.

Во соопштението објавено од државната агенција ВАМ, се наведува дека одлуката е донесена по „сеопфатен преглед“ на политиката за производство, сегашните и идните капацитети на ОАЕ, како и проценка на националниот интерес.

Како што објавија „The National“ и „Khaleej Times“, Абу Даби вели дека дури и по напуштањето на организацијата, ќе остане „одговорен и сигурен“ производител, со цел да придонесе за стабилноста на светскиот енергетски пазар.

Одлуката доаѓа во чувствителен момент за пазарот на нафта, додека земјите производители се справуваат со последиците од кризата на Блискиот Исток и неизвесноста во снабдувањето.

Аналитичарите проценуваат дека излегувањето на Абу Даби може да го ослаби единството на групата и дополнително да ги комплицира односите во рамките на ОПЕК+, особено во време на зголемени нарушувања на глобалниот енергетски пазар.

-Повлекувањето на ОАЕ претставува важна пресвртница бидејќи е една од ретките земји со поголеми резервни капацитети, што е клучно за влијание врз пазарот – вели аналитичарот Хорхе Леон од Ристад.

Тој додава дека краткорочните ефекти можеби нема да бидат изразени поради нарушувањето во Ормускиот теснец, но на долг рок ОПЕК станува послаб.

-Надвор од групата, ОАЕ би можеле да го зголемат производството, што го поставува прашањето за одржливоста на улогата на Саудиска Арабија како стабилизатор на пазарот и укажува на поголема нестабилност на цените на нафтата – рече Леон.

Излегувањето на ОАЕ е особено тежок удар за Саудиска Арабија, која се смета за де факто лидер на ОПЕК и еден од главните актери во договарањето на производствените квоти.

Поврзани содржини