ИЗГОРЕНИЦИ, СКРШЕНИЦИ, ПОВРЕДИ НА ДИШНИТЕ ПАТИШТА И НА ОЧИТЕ… Во „Пулс“ беа тешко повредени 157 луѓе, од кои 20 малолетни, вкупно повредени 222

Кај речиси сите тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се констатирани површински и длабоки изгореници, кои кај некои од повредените зафаќале и над 20 проценти од телото.

380

Изгоренци на кожата, скршеници, повреди на дишните патишта, дисфункција на видот на двете или на едно око се дел од повредите со кои се здобија 222 повредени луѓе кои го преживеаја пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март 2025 година.

По изведувањето на обдукциските наоди, според кои најголем дел од 63 загинати умреле од труење со јаглероден моноксид, Обвинителството денеска ги наведе повредите на сите оштетени, тргнувајќи од најтешките до лесните телесни повреди.

Според наодите на медицинските установи во кои се лекувале повредените, обвинителката Наташа Сарамандова наведе дека се констатирани тешки телесни повреди, изгореници на глава, тело, раце и на нозе, внатрешни повреди, нагмечувања на градниот кош, скршеници, оштетувања на дишните патишта и други повреди.

Кај речиси сите тешко повредени се констатирани површински и длабоки изгореници, кои кај некои од повредените зафаќале и над 20 проценти од телото. Дел од повредните имале изгореници на лицето од втор степен, оштетувања на функцијата на дишните органи.

Кај дел како последица на повредите настанала целосна дисфункција на некои од екстремитетите.

Дел од оштетените имале скршеници на екстремитетите, торзото, главата, вратот и на рамениците.

Некои од повредените поради тежината на повредите биле на кислородна поддршка.

Доказите за наодите за констатираните повреди што ги читаше обвинителката паралелно се емитуваа на екраните поставени во судницата.

За повредите на дишните патишта и нарушувањето на функцијата на белите дробови обвинителката наведе дека настанале како резултат на вдишување штетни гасови.

Обвинителството посебно ги читаше тешките повреди со кои се здобиле малолетниците кои критичната вечер биле присутни во „Пулс“. Оштетените деца се здобиле со изгоренци, скршеници, повреди на дишните патишта, дисфункција на видот на двете или на едното око…

Во пожарот и стампедото што настана при евакуацијата тешко се повредени 137 полнолетни лица, како и 20 малолетни лица.

Лесни телесни повреди биле констатирани кај 65 од присутните во „Пулс“. И кај полесно повредените се констатирани изгореници на телото, оштетувања на коските, крвни подливи, нагмечувања. Меѓу полесно повредените има 3 малолетни лица.

ОБДУКЦИЈАТА ПОКАЖАЛА ДЕКА 59 ЖРТВИ ЗАГИНАЛЕ ОД ТРУЕЊЕ СО ЈАГЛЕРОД МОНОКСИД Презентирани причините за смртта по пожарот во „Пулс“

 

Поврзани содржини