🎥 ЛУКА МОДРИЌ ИТНО ОПЕРИРАН Доби фрактура на лицето откако се судри со главата на Локатели

Станува збор за комплексна фрактура на левата јаболчна коска.

231

Капитенот на хрватската репрезентација и фудбалер на Милан, Лука Модриќ, вчера беше итно опериран поради повеќекратни фрактури на лицето.

Инцидентот се случи за време на дербито против Јувентус на „Сан Сиро“, кога Модриќ мораше предвреме да го напушти теренот по еден случаен, но жесток судар со главите со Мануел Локатели.


Клубот Милан соопшти дека операцијата е извршена во клиниката „Ла Мадонина“ под надзор на д-р Лука Аутелитано. Станува збор за комплексна фрактура на левата јаболчна коска.

Иако неговата сезона во Серијата А е завршена, има надеж дека Модриќ ќе настапи на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и во Канада.

Закрепнувањето би траело од шест до осум недели, што значи дека Лука би можел да биде подготвен за мундијалот, но најверојатно ќе мора да игра со заштитна маска на лицето.

 

Поврзани содржини