📽️ ЗОШТО ЈА ЧЕПКАВТЕ МЕЧКАТА? Јокиќ со трипл-дабл им влезе „во глава“ на Волците
Јокиќ доминираше со трипл-дабл и во финишот почна „психолошки“ да си игра со ривалите, оставајќи ги збунети на теренот, пишуваат српските медиуми за српскиот ас во НБА.
Српскиот кошаркаски ас Никола Јокиќ одигра меч за паметење и го спасл Денвер од елиминација во мечот со „Волците“ од Минесота Тимбервулвс,. Со трипл-дабл ја предводеше екипата до победа од 125-113 и намалување на серијата на 3-2.
Но, покрај бројките, Србинот влегол и во глава на ривалите. Во финишот, кога сè изгледаше решено, почна да си игра со противникот.
Кошарка што наликува на шах
Јокиќ чекаше да заврши нападот, па во последните секунди му ја пода топката на противнички играч како да му ја предава.
Потоа, во истиот момент ја зграпчи назад и изнуди фаул. Со тоа, Нагетс последните ја поседуваа топката и го заокружија мечот.
Jokic pretended to hand the ball to the Wolves 😭 pic.twitter.com/Q5td1p6vBj
— BrickCenter (@BrickCenter_) April 28, 2026
Младиот Џоан Берингер останал збунет од потегот, пишуваат српските медиуми.
Трипл-дабл за живот, серијата се враќа
Јокиќ натпреварот го заврши со 27 поени, 16 асистенции и 12 скокови. Целосно го контролираше темпото.
Џамал Мареј додал 24 поени, а Спенсер Џонс изненадил со 20 поени и четири тројки. Серијата продолжува во Минеаполис, каде Денвер ќе бара израмнување.
Оклахома без милост, „метла“ за Феникс
Оклахома Сити обезбеди пласман во следната рунда со убедливи 4-0 против Феникс. Шеј Гилџус-Александер постигнал 31 поен, а Чет Холмгрен додал 24 поени и 12 скокови.