📽️ СОЛЕНИ КАЗНИ ЗА ЈОКИЌ И РЕНДЛ ЗА ТЕПАЧКАТА Според НБА, Никола го почнал инцидентот

Инцидентот избувна на самиот крај од мечот по контроверзен кош на Мек Дениелс. НБА изрече парични казни, но без суспензии за клучните играчи.

158

Никола Јокиќ и Џулиус Рендл добија парични казни по инцидентот во плејоф дуелот меѓу Денвер и Минесота, но ќе можат да настапат во следниот натпревар.

Српскиот кошаркарски ас е казнет со 50.000 долари, додека Рендл ќе плати 35.000 долари. НБА потврди дека нема суспензии за двајцата.

Инцидентот се случи на 2,1 секунди до крајот. Џејден Мек Дениелс постигна кош иако натпреварот практично беше решен. Тимбервулвс веќе водеа со 14 поени. Играчите на двата тима почнаа да се поздравуваат. Потегот беше сфатен како провокација.

Двајцата добија технички грешки и беа исклучени.

– Тој постигна кош откако веќе го прекинавме натпреварот. Видовте што се случи – рече Јокиќ.

Минесота води со 3-1 во серијата. Тимот е погоден од повреди.

 

Донте ДиВинченцо е надвор до крајот на сезоната. Ентони Едвардс исто така е повреден.

Според НБА, Јокиќ прв реагирал.

„Го иницирал инцидентот со тоа што се соочил со Мек Дениелс и го турнал“, се вели во извештајот.

Рендл потоа ја влошил ситуацијата.

„Ја ескалирал ситуацијата со агресивно вклучување и туркање“, наведува лигата.

Петтиот натпревар се игра во Денвер.

Поврзани содржини