ТЕЖОК СЛУЧАЈ НА УЧЕНИЧКО НАСИЛСТВО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Ученичка била горена со цигари, ја снимале со мобилен

Случај на сериозно ученичко насилство во Ѓорче Петров ја потресе јавноста, откако девојче било физички и психички малтретирано. Институциите веќе постапуваат по пријавата и прибраните докази.

1,081

Стравичен случај на ученичко насилство пријавиле родители од општината Ѓорче Петров за Вечер Прес. Девојче од шесто одделение завршило на лекар и психијатар откако било горено со цигари понижувано од соученичките во паркот близу општината.

Девојчето било присилувано да јаде измет од куче, а чинот бил сниман со мобилен телефон.

„Пријавено е дека малолетно девојче, во два наврати, било физички нападнато од неколку малолетнички од истото училиште. Извршени се службени разговори во присуство на родителите, прибрани се материјални докази, меѓу кои и видеозаписи, и во координација со ОЈО се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР за медиумот.

Причината за нападот, според првичните информации, била комуникација преку социјалната мрежа „Инстаграм“.

Поврзани содржини