ПОСТИГНАТ Е ОДРЕДЕН НАПРЕДОК ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО САД Арагчи во Пакистан разговарал под кои услови можат да продолжат разговорите

Откако патувавме во Пакистан и во Оман, организиравме посета на Русија за да разговараме со нашите руски партнери за случувањата поврзани со војната и да направиме преглед на ситуацијата. Секако, потребно е и да се координираат понатамошните чекори, вели иранскиот министер Абас Арагчи, кој денеска допатува во Русија.

309

Во секој случај, постигнат е одреден напредок во процесот на преговори, но погрешните пристапи и прекумерните барања од страна на САД спречија претходниот круг преговори да ги постигне своите цели, и покрај одреден напредок, изјави денеска иранскиот министер Абас Арагчи, кој по посетата на Пакистан и на Оман, денеска допатува во Русија.

Анализиравме што се случи претходно и разговаравме како и под кои услови би можеле да продолжат преговорите, додаде тој.

– Во врска со Пакистан, земјата неодамна одигра важна улога во посредувањето во разговорите меѓу Иран и САД и беше потребно да се разговара за најновите случувања – рече тој.

Министерот додаде дека секогаш имаат тесни консултации со Русија.

– Континуирано одржуваме билатерални разговори за широк спектар на теми, особено регионални прашања. Поради наметнатата војна за време на периодот на Рамазан, имаше пауза во состаноците. Ја искористивме оваа можност и, откако патувавме во Пакистан и во Оман, организиравме посета на Русија, за да разговараме со нашите руски партнери за случувањата поврзани со војната во тој период и да направиме преглед на ситуацијата. Секако, потребно е и да се координираат понатамошните чекори – рече тој.

Моите патувања во Пакистан и во Оман беа билатерални, додаде иранскиот дипломат.

– Имавме добри консултации со нашите партнери во Пакистан и, фала му на Бога, посетата беше многу успешна. Разгледавме што се случи претходно и разговаравме во која насока и под кои услови би можеле да се продолжат преговорите. Во секој случај, четириесетдневниот херојски отпор на иранскиот народ мора да ни овозможи да ги оствариме правата на иранскиот народ и да ги обезбедиме интересите на државата – рече Арагчи.

Оман е пријателска и блиска земја за нас, која зазеде многу добри позиции за време на оваа војна, дополни Арагчи.

– Беше неопходно да се одржи состанок со цел дополнително да се зајакнат односите со нашите соседи, особено во регионот на Персискиот Залив, и да можеме да управуваме со постојните проблеми.  Иран и Оман се две крајбрежни држави на Ормускиот Теснец и беше важно да се разговара за ова. Безбедниот премин низ теснецот е важно глобално прашање и ние, како две земји што го контролираат овој премин, мора да имаме тесна координација за да ги обезбедиме нашите заеднички интереси. Секој потег во оваа област директно ги вклучува интересите на Иран и Оман. Фала му на Бога, постои висок степен на согласност меѓу Иран и Оман и беа постигнати одредени договори за продолжување на консултациите на ниво на експерти – рече Арагчи.

 

Иранскиот амбасадор во Москва, Казем Џалали објави дека фокусот на разговорите на Арагчи со претставниците на Русија ќе биде координирање на активностите и унапредување на заедничките програми на регионално и меѓународно ниво, објави иранскиот амбасадор во Москва.

Поврзани содржини