ИЗГОРЕА ДВА АВТОМОБИЛA ВО СКОПЈЕ Сопствениците на возилата се Гевгеличани со исти иницијали

За среќа нема повредени во двата пожара.

620

Два автомобила целосно изгореа утринава во скопската населба Карпош во два одделни инциденти,  а од пожарот е оштетен и семафор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полицијата не ги посочува причините за пожарот но интересно е што има две коинциденции поврзани со опожарените возила. Имено и двата автомобили се со гевгелиски регистарски таблички, а сопствениците  имаат исти иницијали.

За среќа нема повредени во пожарите.

Инцидентите се пријавени во 5 часот утрово во СВР Скопје.

„Пријавено Е дека на улица Орце Николов и на улица Никола Тесла во Скопје биле опожарени две возила: патничко возило „ауди” со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К.(58) и патничко возило „пежо 307″ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К.(25). Повредени лица нема, а од пожарот бил оштетен семафор на улицата Орце Николов.

 

Поврзани содржини