Лично до премиерот Христијан Мицкоски – АХВ ја раководи директор или „воајер-пазач“?
Замисли јас како Виктор Грозданов са сум назначен од твоја страна во некоја агенција и да ти набљудувам, демнам член на фамилијата, без разлика дали е сопруга, дете или родител. Што ќе ми кажеш?
Наместо лепотаниве од СДСМ да се занимаваат со тоа: Дали директорот на АХВ спротивно на законот ги демне вработените преку видео надзор?, овие се занимаваат со тематика која не ја знаат ниту образовно ниту суштински.
Само накусо:
Ќе се отвора рудник во село Луке за антимон и тоа ќе било еколошка бомба, а не и стратешко однесување кон нашите најголеми пријатели САД и немаат поим што значи металургија како наука и во исто време го обвинуваат градоначалникот на Крива Паланка дека е во договор со премиерот и немал капацитет да контролира 10 крави, а не пак рудник.
Многу ми е жал што Венко Филипче (Докторот) не може да се осознае дека е заложник на фамилијата Фрчковски и уште на неколку злобни „вештери и вештерки“ кои му копаат политички гроб.
Да признавам дека градоначалникот на Крива Паланка нема капацитет за следниве работи:
- Да должи пари на сите пратеници и стари другарки
- Да се ушмркуе со кокаин на работно место
- Да плаче по градски ликови од Скопје за Виктор Грозданов не го објави на каков начин добил донација од Општина Центар, а не некое сиромашно семејство
- Да секој ден се буди како да направи некоја партиска подметачина и да го лаже Докторот со небитни информации итн (има уште многу, ама не е баш тема за колумнава)
Напомена: Докторот е сериозно многу добра и човечна личност, ама политички е наивен.
Туку да се вратам на клучната тема.
Почитуван г-дин Мицкоски ( во продолжение Христијан) ти се обраќам лично зошто и ти знаеш да бидеш пред се човечен. Христијан директорот на АХВ воспоставил видео надзор во ходниците на агенцијата и во живо ги следи вработените преку воспоставен мониторинг од неговата канцеларија. Плус тоа може да го видат и оние кои одат на официјални службени или пак некогаш и приватни средби во самата агенција.
И јас сум бил директор и да во ходниците на фирмите во кои сум ги раководел имало камери, телевизии (семејството на Канал 5) и фирма за телекомуникации под договори за државна тајна и строго доверливо и никогаш мониторингот не бил кај мене туку кај обезбедувањето зошто имаат таков сертификат, а камерите биле од сериозен заштитно- безбедносен карактер на фирмите. Со две раце потпишувам дека ниту газдите на овие фирми, ниту моите претходници и наследници не ги демнеа вработените.
И јас имам дилема Христијан, дали овој човек има манијакално-воајерски склоности и дали се затвора во својата канцеларија и се самозадоволува, со набљудување на вработените без разлика на пол, националност, вера или религија?
Моето мислење е дека мора веднаш да издадеш наредба до Универзитетската психијатриска болница-Скопје и да дадат стручно мислење за ваквото однесување.
Веднаш да дадеш наредба до правосудните органи за постапување по однос на злоупотреба на лични податоци, ако ги снима вработените во посебни бази за податоци.
Одлуката за негово разрешување ќе ти ја објаснам на специфичен начин.
И сега Христијан имам прашање, ти сам знаеше дека ако имаме политички недоразбирања тоа не значи дека не си ги почитуваме фамилијарните вредности кои се во двонасочна улица. И јас Вас како фамилија и Вие исто така.
Сега гарант некој од тие твоите додворувачи-оговарачи кои имаат намера да ти забијат нож в грб ќе добие инфаркт или стомачен вирус. Но тие се небитни.
Замисли јас како Виктор Грозданов да сум назначен од твоја страна во некоја агенција и да ти набљудувам, демнам член на фамилијата, без разлика дали е сопруга, дете или родител. Што ќе ми кажеш?
Јас ќе ти одговорам. Има хеликоптерине од Италија да ги донесеше за 24 часа, да ги наоружаш до заби и само да ме прашаш Виктор друже каде си?
Христијан зборував со многумина. Верувај ми дека сите го имаат истото мислење за оваа личност: Дека е абдал над абдалите. Итно разреши го.
Грев ми е за фамилија Ѕинго, Љупчо Димовски и родениот му татко Стојан Миланов.
Од стариот Ѕинго инаку побратим на Лазар Мојсов научив дека ако нема индустрија нема кој да ја рани Македонија и кој ќе дава пари во медиумите. За другите двајца сум слушал незнам дали е точно дека биле видно малтретирани од безбедносни служби и дека не попуштиле при гласањето кога го изгубивме уставното оригинално име.
И овој човек плука врз нивните кариери. А најмногу врз твојата. Бери памет Христијан. Овој не заслужува име да му спомнувам, како што забележуваш.
Да живее Македонија!