СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА, СНИМАЛ, ПА ОБЈАВИЛ НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ? Уапсен 29-годишен жител на гостиварско Здуње
Лицето било пронајдено, извршен бил претрес во неговиот дом, како и во уште еден дом на подрачје на селото Равен, каде приведеното лице престојувало, информира тетовската полиција.
Машко лице е уапсено под сомнение дека силувало малолетничка во Гостивар и објавувало експлицитни содржини на социјалните мрежи, информира Секторот за внатрешни работи – Тетово.
Полицијата информираа дека од слобода е лишен 29-годишниот Т.Б. од село Здуње.
– На 24.04.2026 година 42-годишен жител од Гостивар пријавил дека пред неколку месеци на подрачје на Гостивар, непознато машко лице со возило „фолксваген џип“, црна боја, ја пресретнало неговата малолетна ќерка и со употреба на физичка сила извршило силување врз неа, упатувајќи ѝ закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство – појасни Фатмир Реџепи, портпарол на СВР – Тетово.
Тој појасни и како бил откриен осомничениот и како е извршено неговото апсење.
– На 22.04.2026 година на социјални мрежи биле објавени експлицитни фотографии и видеа на ќерката на пријавителот. По преземени мерки, лицето било пронајдено, извршен бил претрес во неговиот дом, како и во уште еден дом на подрачје на селото Равен, каде приведеното лице престојувало, при што биле одземени лаптоп, мобилен телефон, УСБ-стик и други предмети.
Лицето било задржано во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе била поднесена соодветна пријава – рече портпаролот Реџепи.