ДРЖАВАТА КУПУВА 100 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА Министерството за здравство објави тендер
Вкупната вредност на инвестицијата е 461.250.000 денари. Во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди.
Министерството за здравство објави јавна набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ држават. Вкупната вредност на инвестицијата е 461.250.000 денари. Во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди.
– Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби и ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција со брз и навремен транспорт на пациенти до соодветните здравствени установи. За возилата е предвидена надградена медицинска опрема, а со тоа што ќе се распределат во установите низ државата обезбедуваме подобра покриеност во сите подрачја, особено во руралните средини – изјави министерот за здравство Азир Алиу.
Тој додаде дека оваа инвестиција е во рамки на поширок процес на суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку модернизација на итната медицинска помош и унапредување на оперативната способност за брз и структуриран одговор на здравствениот систем.