ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО НЕМА ДА РАБОТИ ВИКЕНДОВ Продолжува темелното сервисирање
Од претпријатието појаснуваат дека прекинот е поради редовни, но проширени технички контроли, кои ги изведуваат специјализирани екипи од австриската компанија „Допелмаер“.
ЈСП Скопје информира дека на 25 и 26 април жичницата на Водно ќе биде привремено надвор од употреба поради проширени технички контроли.
Од претпријатието појаснуваат дека прекинот е поради редовни, но проширени технички контроли. Контролите ќе ги изведуваат специјализирани екипи од австриската компанија „Допелмаер“.
Според ЈСП, проверките се прават со цел да се обезбеди максимална безбедност и сигурност во работењето на жичарата.
Надлежните им се заблагодаруваат на граѓаните за трпението и разбирањето и апелираат навреме да ги планираат своите активности, имајќи го предвид прекинот во функционирањето.