МАЛОЛЕТНИК ПРОБОДЕН СО НОЖ ОД СОУЧЕНИК Инцидент во основно училиште во Арачиново

Малолетник е донесен во болница со повреда откако бил нападнат од соученик во основно училиште во Арачиново.

62

Малолетник е повреден со остар предмет во основно училиште во скопско Арачиново, по конфликт со соученик.

Според информациите, ученикот бил донесен на лекување во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ со повреда, за која било утврдено дека настанала во училиштето, информираат од СВР Скопје

Инцидентот се случил во основно училиште во селото Арачиново, каде, според првичните сознанија, повредата му ја нанел негов соученик.

Засега не се познати околностите под кои дошло до нападот, ниту тежината на повредата.

Од полицијата информираат дека се работи на расчистување на случајот и утврдување на сите детали.

Поврзани содржини