САМУИЛОВАТА ТВРДИНА ЌЕ ДОБИЕ ЛЕТНА СЦЕНА И НОВ ЖИВОТ За амбициозна ревитализација се предвидени 11 милиони денари

Над 11 милиони денари се издвојуваат за ревитализација на Самуиловата тврдина и други локалитети во Охрид. Проектите треба да овозможат нова културна функција и развој на туризмот.

43

Над 11 милиони денари за ревитализација на културното наследство во Охрид се издвоени од Министерството за култура, обзнани министерот Зоран Љутков кој денеска е во работна посета на градот.

Љутков истакнува дека годинава се Завод и музеј-Охрид одбележува 75 години од постоењето. Средствата се наменети за ревитализација на Самуиловата тврдина, која опфаќа археолошки доистражувања, поставување илуминација и партерно уредување со летна сцена.

– Се наоѓаме на Самуиловата тврдина – еден од најзначајните симболи на историјата, културата и идентитетот на Охрид. Нашата заложба е ова културно богатство да го зачуваме, но и да му дадеме нова, современа културна содржина – истакна министерот.

Љутко заедно со директорот на Завод и музеј – Охрид, Горан Патчев изврши увид во состојбата на тврдината и ги презентираше активностите.

Фото: Министерство за култура

Со ревитализацијата ќе се овозможи повторно одржување на театарски претстави, концерти и други културни настани, со што тврдината ќе добие и одржлива културна функција.

Покрај тоа, ќе се реализираат и заштитни интервенции и археолошки истражувања на локалитетот Манчевци, каде се наоѓа ранохристијанска базилика со вредни мозаични површини.

Фото: Министерство за култура

Поради констатирани оштетувања, предвидени се активности за дополнителни истражувања, изградба на потпорен ѕид и соодветно инфраструктурно уредување, со цел создавање услови за негова презентација и промоција.

Министерот нагласи дека заштитата, промоцијата и презентацијата на Охрид и Охридската споменична целина, која е дел од светското културно и природно наследство, претставува врвен приоритет за Министерството за култура и туризам.

Љутков потенцираше дека Министерството за култура и туризам останува цврсто посветено на системска грижа за културното наследство, како значаен ресурс за развој на културниот туризам и афирмација на државата на меѓународно ниво.

Поврзани содржини