📽️ МУ СЕ ПОТСМЕВАШЕ НА БАЈДЕН, А ИСТОТО МУ СЕ СЛУЧИ И НЕМУ Трамп заспа среде состанок во Белата куќа

Американскиот претседател неколкупати ги затвори очите за време на обраќање во Овалната соба, предизвикувајќи реакции во јавноста.

354

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој наскоро ќе наполни 80 години, повторно се најде во центарот на вниманието откако на кратко ги затвори очите за време на јавен настап.

Неговиот замор стана забележлив среде телевизиско обраќање во четвртокот попладне, кога објавуваше договор со фармацевтската компанија Regeneron. Додека зад него стоеја министри и раководители на фармацевтски компании во Овалната соба, Трамп неколкупати ги затвори очите, по што повторно се разбуди и продолжи со говорот.

 

„Поспаниот Џо“ – сега иронична споредба

Иронично, станува збор за истиот политичар кој со години му се потсмеваше на поранешниот претседател Џо Бајден, нарекувајќи го „Поспаниот Џо“. Сега, според дел од реакциите на јавноста, прекарот почнува да се врзува и со самиот Трамп.

Не е прв ваков момент

Ова не е првпат вакви сцени да се појават во јавноста. Минатиот месец, слична ситуација се случи за време на состанок на кабинетот, додека министерот за одбрана Пит Хегсет зборуваше за медиумското известување поврзано со конфликтите на Блискиот Исток.

Само неколку дена претходно, Трамп изгледаше како да задремал и на прес-конференција поврзана со работна група во Мемфис.

Објаснувањето од Белата куќа

Од Белата куќа претходно ги објаснуваа ваквите ситуации тврдејќи дека претседателот не спие, туку „внимателно слуша“ или само „ги одмара очите“.

И самиот Трамп во интервјуа посочувал дека краткото затворање на очите го смета за „многу опуштачко“ и дека тоа му помага подобро да се концентрира.

Поврзани содржини