САД ЈА УЦЕНИЈА ГЛАВАТА НА ЛИДЕРОТ НА ШИИТИТЕ ВО ИРАК Нудат 10 милиони долари

Американскиот Стејт департмент, преку својата програма „Награди за правда“, го идентификуваше водачот и ја означи неговата група како терористичка организација.

72

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за водачот на ирачката шиитска милиција Катаиб Сајид ал-Шухада, поддржана од Иран.

Американскиот Стејт департмент, преку својата програма „Награди за правда“, го идентификуваше водачот и ја означи неговата група како терористичка организација, објавува „Гардијан“.

Во објавата на платформата X се наведува дека „членовите на оваа група убиле ирачки цивили и нападнале американски дипломатски мисии во Ирак, како и американски воени бази и персонал во Ирак и Сирија“.

Овој потег е дел од одговорот на САД и Израел на зголемените напади од страна на иранската мрежа на милитантни групи низ Блискиот Исток врз американски, израелски и сојузнички цели.

Поврзани содржини