СДСМ КОМПЛЕТНО ГО СМЕНИЛ СТАВОТ ЗА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА Некогаш бараше нејзино укинување, сега ја брани
Прво, техничката влада не е функционална, второ, апсолутно го нарушува имиџот на државата заради тоа што во Европа не пости друга влада и трето, чини многу пари - рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.
СДСМ преку ноќ го менува ставот за техничката влада од крајност во крајност – од изјави во минатото дека треба да се укинување до нејзина силна одбрана денес, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во гостување на ТВ 24.
Пратеникот Стојаноски нагласи дека техничката влада е нефункционална, го нарушува имиџот на државата и претставува финансиски товар. Според него, ваквиот модел не постои во европските демократии и не придонесува за ефикасност на институциите.
– Кога зборуваме за консензуално донесен закон јас навистина сум збунет, е сега со кој СДСМ ние зборуваме? Затоа што, политичките актери во СДСМ и тогаш и сега беа исти. Дали со оние кои, кога беа на власт велеа дека техничката влада треба да се укине како ентитет? Има такви изјави безброј, од поранешниот претседател Ковачевски па и Зоран Заев па и тогашните министри кои што се сега пратеници. Или зборуваме сега со некој друг СДСМ кој што, ете преку ноќ, смета дека оваа влада не треба да постои? Тоа е едното прашање. Ние од кога бевме опозиција баравме таа влада да престане да постои, заради тоа што, прво, не е функционална, второ, апсолутно го нарушува имиџот на државата заради тоа што во Европа не пости друга влада и трето, чини многу пари – рече Стојаноски.
Стојаноски во емисијата упати критики кон СДСМ поради нивната неконзистентност и недоволна ангажираност во комисиската расправа за Законот за укинување на техничка влада, потенцирајќи дека и покрај јавните настапи и изјавите не поднеле ниту еден амандман.
– Не е во ред вие да имате прес-конференција во Собранието, неколку дена да ја актуелизирате темата во јавноста, а на крај да дојдете на Комисијата за политички систем со нула амандмани. Ама, СДСМ вели дека ова е рушење на систем, дека се нарушува принципот на консензуалност, дека ќе го напуштат Собранието, а на комисиската расправа вие да немате ниту еден амандман тогаш тоа укажува на нешто. Тоа, знаете на што е еднакво, исто како оној балон пуштен во јавноста со црвените линии, којшто никогаш и не дојде на Собранието. Така да, не е исклучена таа можност да се најави нешто бомбастично, а потоа од реализацијата да отсуствува комплетно – рече Стојаноски.