ЌЕ СТОПЛИ, ПА ПАК ЌЕ ЗАЛАДИ Следуваат сончеви и ветровити денови

Времето утре ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

142

Времето утре ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Најстудено ќе биде во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до минус 2 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со максимална дневна температура до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје температурата ќе се движи од 4 до 21 степен.

Фото: УХМР

За време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот.

Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер.

Од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време, наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Фото: УХМР
Поврзани содржини