РЕЗА ПАХЛАВИ ПРЕЛИЕН СО БОЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БЕРЛИН Синот на последниот ирански шах е против примирјето

Прекин на огнот претпоставува дека однесувањето на иранската влада ќе се промени, но тоа нема да се случи, рекол Пахлави.

193

Реза Пахлави, син на последниот ирански шах Мохамед Реза Пахлави беше прелиен со црвена течност денеска во Берлин. Инцидентот се случил додека Пахлави ја напуштал прес-конференцијата, за време на која го критикувал прекинот на огнот меѓу САД и Иран.

Напаѓачот веднаш бил приведен од полицијата.

Пахлави е син на последниот ирански шах Мохамед Реза Пахлави, кој беше соборен од власт во 1979 година.

Пахлави, кој не се сретна со официјални лица во Берлин, денеска изјави дека договорот за прекин на огнот „претпоставува дека однесувањето на иранската влада ќе се промени“, но дека тоа нема да се случи.

– Не мислам дека тоа ќе се случи. Не велам дека на дипломатијата не треба да ѝ се даде шанса, но мислам дека ѝ се дадени доволно шанси – рече Пахлави.

Пахлави ја поддржа воената интервенција на САД и Израел на Блискиот Исток.

Berlin, Germany, 23 April 2026. EPA/CLEMENS BILAN
Поврзани содржини