Ѝ ЗЕЛ 300 ЕВРА И НАКИТ ОД 5.000 ЕВРА Лажен продавач од Романија измамил повозрасна жена од Скопје

Лажен продавач влегол во дом на 83-годишна жена и со измама ѝ зел пари и златен накит, полицијата приведе две лица.

262

83-годишна скопјанка била измамена во сопствениот дом, откако лажен продавач успеал да ѝ земе пари и златен накит вреден околу 300.000 денари.

Инцидентот се случил во населбата Ѓорче Петров, каде 35-годишен државјанин на Романија се појавил на врата претставувајќи се како продавач на луксузни производи за домаќинство. Со измама ја убедил жената да му предаде 300 евра и вреден накит.

По пријавата, полицијата брзо реагирала и ги привела осомничениот и уште еден малолетник, исто така од Романија, на подрачјето на Чаир.

Се работи на целосно расчистување на случајот, по што против осомничените ќе следуваат соодветни пријави.

Поврзани содржини