🎥 НАТОВАРЕН РУСКИ ТАНКЕР „ТАЛКА“ БЕЗ КОНТРОЛА И БЕЗ ЕКИПАЖ ВО СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ!? Голема опасност за другите бродови и за околината
„Арктик Метагаз“ се запали покрај либискиот брег на почетокот на март по експлозија. Екипажот од 30 членови беше спасен, но евакуирањето на бродот засега е неуспешно.
Руски танкер натоварен со природен гас и дизел, плови без екипаж во Средоземното Море и е целосно надвор од контрола, соопштија денеска либиските власти.
Либиската управа за пристаништа и поморски транспорт соопшти дека напуштениот брод „Арктик Метагаз“ бил влечен со брод за влечење – реморкер, за време на операција за спасување на бродот, но поради лоши временски услови кабет за влечење се скинал. Реморкерот не можел повторно да го прикачи танкерот поради технички проблеми и отпловил без контрола, соопшти управата во соопштението.
„Арктик Метагаз“ се запали покрај либискиот брег на почетокот на март по експлозија. Екипажот од 30 членови беше спасен.
Русија ја обвини Украина дека го нападнала бродот со подводни дронови, но Киев официјално никогаш не го коментираше инцидентот.
Танкерот, кој се наоѓа околу 120 наутички милји северно од либискиот пристанишен град Бенгази, сè уште носи товар течен природен гас и гориво.
Либиските пристанишни власти денеска им укажаа на бродовите да бидат исклучително внимателни при пловењето во областа.
Либиската државна нафтена компанија првично имала намера оштетениот танкер да го одвлече до пристаниште и ангажирала специјализирана фирма за оваа намена. Сепак, подоцна одлучила да го премести бродот во меѓународни води.
Одлуката, наводно, била донесена под притисок на јавноста, а критичарите предупредувале на ризиците што ги претставуваат големите количини течен гас и дизел на бродот во близина на брегот.