НАРОД ШТО ЧИТА НЕ МОЖЕ ЛЕСНО ДА СЕ МАНИПУЛИРА Почна Саемот на книгата, најавени се над 130 промоции на наслови

Народ што чита не може лесно да се манипулира, порача министерот за култура велејќи дека книгата е најголемата револуција. На саемот на книгата годинава се очекува околу 30.000 посетители и над 130 промоции со гости од Чешка, Холандија, Исланд, Италија и од САД.

106

Народ што чита, не може лесно да се манипулира. Народ што размислува, не може лесно да се подели, а народ што создава, не може лесно да исчезне.

Со овие зборови се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето на овогодишниот Саем на книгата.

– Живееме во време на брзина, на површност, на информации што доаѓаат и исчезнуваат во секунди. Во таквиот свет, книгата е чин на отпор. Да седнеш и да читаш значи да одлучиш да мислиш, да одлучиш дека вниманието е вредност, дека тишината има смисла – вели министерот додавајќи дека „манифестација ги слави зборот како темел на културата, мислата како двигател на општеството и книгата како простор во кој секоја идеја пронаоѓа свој живот“.

Љутков истакнува дека мотото „Отвори прозорец кон нови светови“ на овој скопски Саем на книгата 2026 воопшто не е метафора туку повик да се надминат границите на секојдневието, да се напушти удобноста на познатото и да се зачекори во неизвесноста, таму каде што започнува вистинското знаење.

– Книгата е најтивката револуција што човештвото ја познава – додава тој.

На саемот годинава ќе се претстават повеќе од 60 издавачки куќи. Со над 130 промоции на наслови, 38. саем на книгата нуди богата програма. Саемот ќе трае до 29 април. Се очекуваат околу 30.000 посетители во салата „Борис Трајковски“.

Mинистерот истакнува дека со присуството на гости од Чешка, Холандија, Исланд, Италија и од САД, овој саем станува вистинска раскрсница на култури.

На саемот се обрати претседателката Гордана Сиљановска Давкова истакнувајќу заедно со минисерот дека оваа манифестација останува еден од најзначајните културни настани кој ја обединува публиката од целата земја и од странство, ја поттикнува читачката култура и создава простор за поврзување меѓу авторите, издавачите и читателите.

– Народ што чита ја разбира иднината зашто знае дека таа се гради со знаење. Денешниот ден не обврзува да ја сочуваме книгата од заборавот – рече Сиљановска-Давкова и го прогласи саемот за отворен.

Официјалното отворање на саемот беше збогатено со настап на хорчето од градинката „Детска радост “. Дечињата им дадоа подароци – книги на претседателката Силјановска-Давкова и на министерот Љутков.

Се обрати и претседателот на Македонската асоцијација на издавачи Бојан Саздов кој се осврна на активностите за популаризацијата на книгите, но и на македонската книжевност надвор од границите.

Отворањето на саемот годинава се совпаѓа со Светскиот ден на книгата и авторското право.

Работното време е од 10 до 20 часот, а со секоја купена редовна влезница ќе бидат донирани средства на СОС „Детско село“. Влезниците се достапни и онлајн на: https://www.karti.com.mk/saem-na-kniga-2026.nspx.

Саемот на книгата и оваа година е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Поврзани содржини