ИЗРАЕЛ СЕ ИЗВИНУВА, ИТАЛИЈАНЦИТЕ ПОСТАВИЈА НОВА СТАТУА Скандалот во Либан доби неочекуван епилог

Иако Израел веднаш испратил замена, таа не била прифатена. Според локалните извори, статуата била помала и стилски различна. Жителите одлучиле да ја преместат на друга локација, а прифатиле статуа донирана од италијански мировници.

231

Статуата на Исус во селото Дебел во јужен Либан, која беше скршена од израелски војник, е заменета со нова донирана од италијански мировници. Локалните жители ја одбиле верзијата испратена од израелската армија, пишува „Тајмс оф Израел“.

Инцидентот предизвика реакции на социјалните мрежи. Видеото од кршењето на кипот брзо се прошири. Тоа дополнително го зголеми притисокот врз израелската армија.

Иако Израел веднаш испратил замена, таа не била прифатена. Според локалните извори, статуата била помала и стилски различна. Жителите одлучиле да ја преместат на друга локација.

Новата статуа ја донирале италијански војници од контингентот на УНИФИЛ. Таа, според фотографиите, е многу послична на оригиналот. Ова било клучно за прифаќањето од локалната заедница.

Жителите ја поставиле токму оваа статуа на старото место.

Началникот на Генералштабот на Израел, генерал-потполковник Ејал Замир, остро го осуди инцидентот.

– Неприфатливо однесување и морален пропуст – изјави Замир.

Тој додава дека ваквите постапки не се во согласност со вредностите на армијата.

Израелските одбранбени сили соопштија дека ќе се преземат дополнителни мерки. Процедурите за ракување со религиозни објекти ќе бидат заострени.

На видеото од 19 април се гледа како израелски војник удира со чекан, додека друг војник го снима.  Израелската армија веднаш започнала истрага и ги отпуштила двајцата војници. Тие се осудени се на 30 дена воен затвор.

Истрагата утврдила дека уште 6 војници биле присутни. Тие го набљудувале инцидентот. Не презеле ништо за да го спречат.

Ова дополнително ја влошило ситуацијата. Израелската армија најави дисциплински мерки и за нив.

Поврзани содржини