ВЕСНА ПЕТРУШЕВСКА ДОНЕСЕ ЕДНА ОД НАЈТЕШКИТЕ ОДЛУКИ Бејби ја затвори својата актерска школа и реши да ѝ се посвети на ќерката и на проекти надвор од земјава
Искрено, се изморив, се изморив и почувствував дека треба да се посветам на режија, на големи проекти вон Македонија, на љубов и насмевки, на мојата Мина која го носи мојот товар, напиша актерката на социјалните мрежи објаснувајќи зошто после 30 години ја затвара својата актерска школа за млади таленти.
Деновиве, актерката Весна Петрушевска-Бејби на социјалните мрежи напиша емотивна објава за својата тешка одлука, по три децении работа, да ја затвори својата актерска школа за деца и млади.
Уште на почетокот од објавата актерката и режисерка напиша дека ова е една од најтешките одлуки во нејзиниот живот, додавајќи дека зад неа стојат години исполнети со работа, посветеност и бројни успеси.
– Овие денови ја донесов една од најтешките одлуки во мојот живот, а тоа е дека по 30 години ја затворив актерската школа (akterskashkolapetrushevska). Израснав генерации, снимавме серии, емисии, кратки филмови, играни филмови, претстави, последниот успех е дека од 2000 деца моите Надиа и Максим ќе бидат новите херои на ‘Светот на Биби’. Школа која имаше недостижен успех, критериум и посветеност.
Искрено, се изморив, се изморив и почувствував дека треба да се посветам на режија, на големи проекти вон Македонија, на љубов и насмевки, на мојата Мина која го носи мојот товар.
За тоа дали воопшто се почитува моето наследство што го оставив на илјадници деца ќе каже времето. Дали оваа работа се почитува кај нас? Големо не. Факт. Дали младите глумци имаат иднина кај нас? Исклучително тешко. На само 442 километри од тука се снима и се гине на сет. Тука работат и имаат шанси. Јас мојот долг кон Македонија, кон МНТ, ТВ, филм, продукција на формати и креирање одамна го реализирав. За 10 животи.
Време е за мојот живот и за почеток на големи приказни на кои искрено се радувам. Денес, по многу години, почнав да чувствувам ветар. Фала, благодарна за секој миг. Децата ќе си го најдат патот секако сами. Љубов и добрина ви посакувам – напиша Петрушевска.
View this post on Instagram
Нејзината актерска школа со години важеше за едно од најпрепознатливите места за едукација на млади актери во земјава, низ која поминале илјадници деца и млади.