ИРАНСКИ БРОД НОСЕШЕ ПОДАРОК ОД КИНА, ТВРДИ ТРАМП Пекинг негира, САД го запленија бродот

Кина, како одговорна суперсила, отсекогаш ги исполнувала своите меѓународни обврски на примерен начин, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Гуо Џиакун.

189

Пекинг денеска ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека иранскиот брод што беше пресретнат од американските сили можеби содржел „подарок од Кина“.

– Кина многу пати јасно го искажа својот став. Сакам да повторам дека Кина, како одговорна суперсила, отсекогаш ги исполнувала своите меѓународни обврски на примерен начин – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Гуо Џиакун.

Трамп во вторникот изјави дека иранскиот товарен брод „Тоуска“ носи „подарок од Кина“.

Американските сили го запленија бродот во неделата во Ормускиот Теснец затоа што не ја послушал наредбата за почитување на блокадата. Централната команда на САД подоцна потврди дека бродот сè уште е во американски притвор.

Во меѓувреме, тензиите меѓу САД и Иран не се намалуваат и покрај едностраната одлука на Трамп да го продолжи двонеделното примирје кое истече денеска, без да навед нов временски рок.

Прекин на огнот беше договорен на 8 април за време на разговорите во Исламабад, на кои Вашингтон и Техеран сè уште не беа во можност да постигнат конечен договор за прекин на војната. По тие разговори, САД минатата недела воведоа блокада на Ормускиот Теснец, каде минува клучна бродска линија во регионот.

Поврзани содржини