ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ГЕОПОЛИТИЧКА НЕОПХОДНОСТ Средба на Муцунски со австриската министерка за Европа, Клаудија Бауер
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја информираше министерката за австриската министерката за Европа, интеграција и семејство Бауер за напредокот во спроведувањето на Планот за раст и на Реформската агенда.
Актуелните состојби и приоритети поврзани со европската агенда на државата беа теми на разговор на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и на со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудија Бауер.
Муцунски ја информираше Бауер за напредокот во спроведувањето на Планот за раст и на Реформската агенда.
Министерот ја потврди цврстата посветеност на Владата кон евроинтегративниот процес и спроведувањето на реформите, соопшти МНР.
Беше изразена благодарност за континуираната и силна поддршка од страна на Австрија, при што соговорниците се согласија дека проширувањето на Европската Унија претставува геополитичка неопходност за стабилноста и безбедноста на европскиот континент.
Министерот Муцунски е дел од владината делегација на работна посета на Виена, предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.