🎥 НЕ ГИ НОСЕТЕ ПОТВРДИТЕ ЗА ПЛАТЕНИ КАЗНИ ОД „СЕЈФ СИТИ“ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Системот на МВР е поврзан со системот на Министерството за финансии

Граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, информира Министерството за внатрешни работи.

1,876

Граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“, кои ги платиле во банка или електронски, информира Министерството за внатрешни работи.

„Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии. Граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се внесе единствениот број од записникот во делот „повикување на број“ и „цел на дознака“ во уплатницата“ соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да не ја носат потврдата од платената санкција во полициска станица, со што ќе го заштедат своето време и ќе избегнат непотребен метеж.

 

Поврзани содржини