📷 📽️ КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОЛИЦАЈЦИ ВО СИМУЛИРАНА АКЦИЈА Тревога, движење, реакција, одговор на напад

Кандидатите за полицајци во Центарот за обука во Идризово демонстрираа тактичка подготвеност и реакција во сложени ситуации, вели министерот за внатрешни работи кој присуствуваше на вежбата.

113

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на симулациска вежба на кандидатите за полицајци од генерацијата 2025/2026, кои во моментот се на теренско-тактичка обука во рамки на третиот модул од нивната основна обука.

Вежбата започна со симулација на борбена тревога, по што кандидатите демонстрираа формации на движење, реакција, прифаќање и напад по контакт. Во завршниот дел беше изведено сценарио за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, при што беа прикажани зборни распореди и различни форми на интервенција.

МВР
МВР

МВР
МВР

Со оваа двонеделна теренско-тактичка обука кандидатите ги надградуваат своите практични знаења и вештини, стекнати во текот на основната обука, со цел нивна целосна подготвеност за извршување на полициските задачи, вели МВР.

МВР

Министерството за внатрешни работи соопшти дека продолжува континуирано да инвестира во унапредување на обуката, подготвеноста и работните услови, како на кандидатите за полицајци, така и на активните полициски службеници.

„Ваквите вложувања директно придонесуваат за посилен, поефикасен и професионален полициски состав, што значи повисоко ниво на безбедност за сите граѓани“, велат од МВР.

 

Поврзани содржини