ТАКСИСТ МУ НАПЛАТИЛ 7.800 ДЕНАРИ ОД ЦЕНТАР ДО СРЕДНО ВОДНО Швајцарски турист пријавил агресивен возач

Швајцарски државјанин тврди дека бил преплатен за такси превоз од центарот на Скопје до Средно Водно, а по реакцијата возачот станал агресивен.

361

Странски турист бил непријатно изненаден откако користел такси-превоз во Скопје, а случајот го пријавил во полиција. Тој за кратка релација од центарот на градот до Средно Водно платил неверојатни 7.800 денари.

Станува збор за 43-годишен државјанин на Швајцарија, кој случајот го пријавил во полиција. Тој изјавил дека ја користел услугата во вечерните часови, но бил изненаден од високата сума што му ја побарал возачот.

Според неговата пријава, кога реагирал дека цената е значително повисока од вообичаената, таксистот станал агресивен. Потоа со возилото го напуштил местото, без дополнително објаснување.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Поврзани содржини