СЕ ОТКАЧИЛ ДЕЛ ОД КРАН И УСМРТИЛ РАБОТНИК Трагичен случај во гостиварско
Според пријавеното, 48-годишнот И.А. од Тетово се обидувал да ја одглави сајлата на кранот, која била заглавена.
Градежен работник настрада за време на градежни работи на приватна куќа во гостиварското село Градец, соопшти Полициското одделение од селото Галате, каде случаот бил пријавен вчера во 17:00 часот.
Според пријавеното, 48-годишнот И.А. од Тетово се обидувал да одглави сајла на кран, која била заглавена. Во еден момент пукнал метален дел од конструкцијата на кранот и го удрил работникот директно во главата. Била повикана екипа на Итната медицинска помош, но лекарот можел само да ја констатира смртта. Сепак, јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар извршиле увид и телото го предале на обдукција.