БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ПЛАТИТЕ ПОВЕЌЕ ЗА КРИТИЧНИТЕ МИНЕРАЛИ ЗА ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД КИНА Шефот за трговија на САД вели дека тоа е прашање од национална безбедност

Џејмисон Грир вели дека сојузниците треба да прифатат таканаречена „премија за национална безбедност“ за минералите што ќе се набават од предложена група трговски партнери, вклучувајќи ја и Европа.

117

Шефот за трговија на САД  Џејмисон Грир им порача на сојузниците на САД да бидат подготвени да платат повеќе за критични минерали набавени надвор од Кина за да обезбедат побезбедни синџири на снабдување.

Во интервју за британски весник Фајненшл тајмс Грир вели дека сојузниците треба да прифатат таканаречена „премија за национална безбедност“ за минералите што ќе се набават од предложена група трговски партнери, вклучувајќи ја и Европа.






– Постои премија што ја плаќаме, а јас ја нарекувам премија за национална безбедност. Сите ќе ја платиме таа премија за да имаме безбеден синџир на снабдување – рече Грир.

Според него, западните земји станале зависни од Кина за клучни минерали поради прекумерниот фокус на намалување на трошоците.

– Кога трговските партнери изразуваат загриженост за економските трошоци на ценовните прагови или механизми, им велам дека токму оваа потрага по ефикасност на трошоците нè доведе до сегашната ситуација – рече тој.

Грир проценува дека е потребен посебен механизам за цени за ретки минерали бидејќи Вашингтон се стреми да обезбеди пристап до критични резерви и да ја намали зависноста од кинеската доминација во синџирите на снабдување со ретки минерали.

Поврзани содржини