ИЏЕ СЛАВИ ЈУБИЛЕЈ ОД 25 ГОДИНИ „Летечкиот“ Македонец подготвен за новата сезона

Игор Стефановски Иџе ја стартува новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки од Австрија, одбележувајќи 25 години тркачка кариера со нови амбиции.

32

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе викендов од Австрија ја започнува новата сезона во ФИА Европски шампионат на ридски патеки, при што годинава одбележува значаен јубилеј – 25 години на тркачките патеки.

Стартот на сезоната е на легендарната патека Рекберг, каде македонскиот автомобилист ќе настапи со дополнителен мотив. Трикратниот европски шампион влегува во новата сезона со амбиција за нови резултати, во конкуренција од повеќе од 250 возачи, додека шампионатот годинава вклучува 10 трки низ Европа.

Сезоната започнува со тренинзи во сабота, а главните трки се возат во недела, на 26 април. Завршницата и оваа година е планирана во Хрватска во септември.

Стефановски ќе продолжи да настапува со моделот „Ferrari 488 Challenge“, специјално подготвен за ридски патеки, со што ја продолжува соработката со Ферари.

– Со силна возбуда ја очекувам првата трка. Оваа сезона е посебна, 25 години на патеката се голем мотив да дадеме максимум. Очекувам одлични резултати и силен шампионат. Благодарност до мојот тим, до Ферари, до спонзорите – постоечките и новите, како и до сите што ни даваат поддршка – изјави Стефановски.

Поддршката продолжува и од тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, од каде посочуваат дека повеќе од една деценија стојат зад македонскиот возач и неговите успеси на европската сцена.

Поврзани содржини