ТРАМП ГО УНИШТУВА ИРАН БЕЗ БОМБИ! Техеран губи половина милијарда долари дневно поради блокадата на Ормус

Доналд Трамп тврди дека Иран губи 500 милиони долари дневно поради затворањето на Ормускиот Теснец, додека САД блокирале испорака на долари во Ирак и замрзнале дел од безбедносната соработка.

304

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран „финансиски колабира“ поради затворањето на Ормускиот Теснец, оценувајќи дека земјата губи стотици милиони долари дневно.

„Иран финансиски колабира! Сакаат Ормускиот Теснец веднаш да се отвори. Гладуваат за готовина! Губат 500 милиони долари дневно. Војската и полицијата се жалат дека не земаат плата“, напиша Трамп на платформата „Truth Social“.

Тој претходно наведе дека Техеран го поддржува затворањето на теснецот за да го „зачува образот“ под американската блокада на иранските пристаништа.

Во меѓувреме, „The Wall Street Journal“ објави, повикувајќи се на ирачки и американски претставници, дека администрацијата на Трамп ја блокирала испораката на долари во Ирак, со цел да изврши притисок врз Багдад да ги распушти проиранските паравоени групи.

Според извештајот, испорака од околу 500 милиони долари, добиени од продажба на ирачка нафта и исплатени преку сметка на Федералната резервна банка, била блокирана од Министерството за финансии на САД поради загриженост дека средствата може да завршат кај вооружени групи.

Истиот извор наведува дека Вашингтон ги замрзнал дел од програмите за безбедносна соработка со ирачката армија, а финансирањето на некои антитерористички програми и воена обука е суспендирано додека не престанат нападите на проиранските сили.

Поврзани содржини