ЕКСПЛОЗИИ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ Над 20 дронови го нападнаа градот Одеса

Над 20 беспилотни летала го нападнале украинскиот пристаништен град Одеса од правец на Црното Море, по што била активирана воздушна тревога и граѓаните биле повикани да се засолнат.

94

Експлозии одекнале во Одеса по напад со беспилотни летала, соопшти претседателот на регионалната воена администрација, Олег Кипер, на својот канал на Телеграм.

Според информациите, повеќе од 20 дронови го нападнале украинскиот пристаништен град од правец на Црното Море. Локални канали на Телеграм јавуваат дека нападот бил интензивен и се слушале повеќе експлозии во различни делови од градот.

Локалните власти веднаш ги повикале граѓаните да се засолнат во бомбо-засолништа и да останат на безбедно додека трае опасноста.

Воздушната тревога била активирана во 04:38 часот по локално време, а засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.

Поврзани содржини