ФИЛИПЧЕ Е ТРЕТ ВО НИЗАТА ВО СДСМ ШТО ИЗВРШУВА ПРЕДАВСТВО Исто како Заев, се подава на сите, ветува уставни измени, само за да дојде на власт

Не случајно Филипче толку брзо, толку гласно, толку напорно, се обидува да се подаде. Нуди дека ќе направат сè што ќе им се каже, само за да се заштитат од одговорност за нивниот криминал, тоа е таа матрица која што го потценува сопствениот народ, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

87

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче настапува гласно и на домашна и на меѓународна сцена, воден исклучиво од амбицијата да дојде на власт, рече пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, зборувајќи за уставните измени.

– Тоа е еден лик којшто буквално се подава, па вели дека нема проблем да направи уште една уставна измена. Нешто слично правеше и неговиот претходник Ззоран Заев – рече Стојаноска во гостување на Алфа.

Таа ооцени дека станува збор за трет во низата лидери на СДСМ, кој е подготвен на сè, за да дојде на власт.

– Ова е лик, трет во континуитет, откако започна Зоран Заев со предавства, па Димитар Ковачевски ги надгради, го потпиша вториот срамен договор, и овој останува да го стави печатот. Се подава секому, само за да дојде на власт. Или, можеби, доаѓањето на власт за него значи спасување од криминалот – рече Стојаноска.

Стојаноска посочи дека на Филипче не му одговара тоа што повеќе ги нема нивните инсталирани кадри во правосудниот систем кои претходно работеле по нивен налог.

– Тие се свесни, тие знаат дека се криминогени до преку глава, знаат дека се менуваат работите во судството, веќе ги нема нивните инсталирани луѓе, кои што работеа според нивните налози, и ајде сега ќе го релативизираме криминалот. Ако криминалот беше симбол на нивното владеење, сега доаѓа власт која што апсолутно не е ортак со криминалците. Имаме примери каде што со доказ фатени луѓе кои што, ете, за овој период се дрзнале да бидат криминалци, веднаш се обелоденети – рече пратеничката.

Стојаноска вели дека Филипче е дел од истата матрица, онаа која го потценувала сопствениот народ.

– Не случајно Филипче толку брзо, толку гласно, толку напорно, се обидува да се подаде. Самиот се пријави, нудејќи дека ќе го сменат Уставот, дека ќе направат сè што ќе им се каже, само за да се заштитат од одговорност за нивниот криминал. Тоа е таа матрица која што го потценува сопствениот народ и сега тука се случуваат контрадикторности. Не ја сфати пораката од народот и него повеќе му е грижа за избори во некои други земји. Не покажува грижа за тоа што нему народот му го порача и на последните парламентарни и на последните локални избори. Два пати по ред добива порака од народот и тој повторно го потценува мислењето на сопствениот народ – рече Стојановска.

Поврзани содржини