УКРАИНА ГО ПОПРАВИ НАФТОВОДОТ „ДРУЖБА“ Се подготвува повторното пуштање на нафтата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека нема гаранција дека Русија нема повторно да го ракетира нафтоводот.

86

Украина заврши со поправка на оштетениот дел од нафтоводот Дружба и се подготвува за повторно пуштање во употреба, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Toj предупреди дека нема гаранција дека Русија нема повторно да го ракетира нафтоводот.

Претседателот на Европски совет, Антонио Кошта на платформата Икс му се заблагодари на Зеленски за поправката на нафтоводот, кој според Киев беше оштетен при руски напад со дронови.

Поправката на Дружба е спорно прашање поради што беше одложено одобрувањето на кредит од Европска Унија за Украина во висина од 90 милијарди евра.

Унгарија и Словачка два месеци не добиваа руска нафта преку Дружба, поради што Будимпешта и Братислава ја обвинуваа Украина дека ја опструира доставата.

Претходно Зеленски изјави дека не сака да дозволи руската нафта да поминува низ неговата земја.

Поврзани содржини