ИДНИОТ РУДНИК ЗА АНТИМОН ЌЕ ДОНЕСЕ НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА За жал, 30 години во Македонија не е отворен нов рудник, вели Јаревски

Добар дел од технологиите и од знаењата и практиките кои се применуваат, сега се на некој начин застарени и ова ќе биде можност да се имплементираат новитети што ќе допринесат и на поширокото рударство, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

90

Се изготвува стратегија и студија преку која ќе се разгледува какви се потенцијалите на рудникот за антимон, што ќе биде отворен во Кривопаланечко, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

Рудникот ќе биде американска инвестиција во рамки на стратешкото партнертство.

– Конкретно за овој случај, добро е што имаме сериозен партнер, којшто произлегува од еден сериозен стратешки дијалог со нашиот стратешки партнер. Односот кон ова прашање е на максимално сериозно ниво. Ова ни е пред сè можност за трансфер на know how, на нови технологии – рече Јаревски вогостување на телма.

За жал, 40 години немаме нов рудник во Македонија, додаде тој.

– Добар дел од технологиите и од знаењата и практиките кои се применуваат, сега се на некој начин застарени. Ова ќе биде можност да се имплементираат новитети што ќе допринесат и на поширокото рударство и она што го укажува и самата стратегија, тие го гледаат како мотор, како основа за развојот во наредните 20 години. Токму овој пример, со овој рудник, доколку студијата покаже дека има исплатливост, дека има начин за одржлива експлоатација. Верувам во самите студии ќе бидат опфатени и најновите и најсовремените методологии или технологии коишто ќе можат за прв пат да бидат применети во Македонија, каде што ризикот од истекување, или загадување на подземните води, почвата и воздухот ќе бидат сведени на апсолутен минимум – рече тој

Јаревски нагласи дека инвестиција во рударскиот сектор во Македонија ќе претставува можност за трансфер на најсовремени технологии и за развој на целокупната држава.

– Очекувам дека ќе имаме трансфер на најсовремени технологии, ова ќе биде можност за самиот регион и нешто што ќе може да направи еден чекор нанапред кон развојот на целокупната држава. Се разбира, за тоа треба да имаме и консензус како општество, да се движиме во таа насока, да се соочиме со самиот предизвик, да ги видиме можностите и сите заеднички да го поддржиме процесот во насока да извлечеме апсолутен бенефит, а ризиците и опасностите да ги сведеме на минимум – рече пратеникот Јаревски.

Поврзани содржини