ЗАКАНИ КОН МАЈКА И ДЕТЕ ВО СКОПЈЕ Жена била заплашувана за наводен долг за лек од 1.350 евра
33-годишна жена од Скопје пријавила дека преку посредник добила закани за неа и нејзиното малолетно дете, поради барање да врати 1.350 евра за наводна помош за лек од пред две години.
Жена од Скопје пријавила во полиција дека добила закани по телефон кон неа и нејзиното малолетно дете, поврзани со наводен долг од пред две години.
Според пријавата, 33-годишната жена навела дека заканите ги добила претходниот ден преку посредник, по порака од лицето Џ.Н, кој според неа е странски државјанин. Тој барал таа да му врати 1.350 евра, сума за која тврдел дека ѝ ја дал пред две години за набавка на лек за нејзиното малолетно дете.
Како што навела жената, посредникот на 18 април дошол и во продавницата каде што таа работи, при што повторно ја пренел истата порака – дека треба да ги врати парите.
Случајот бил пријавен во полиција, а се преземаат мерки за негово расчистување.