53-ГОДИШНИК НАПАДНАЛ 16-ГОДИШНИК Влегол во паркиран автомобил па го удирал малолетникот

Малолетникот бил во паркирано возило кога 53-годишник влегол на возачкото седиште и го нападнал.

228

Шеснаесетгодишен малолетник бил физички нападнат додека седел во паркирано возило во Битола, а случајот во полиција го пријавил заедно со неговата мајка.

Според информациите, инцидентот се случил доцна синоќа на улицата Филип Втори Македонски, каде што малолетникот се наоѓал во патничко возило „Фолксваген бора“ со битолски регистарски таблички. Во еден момент, на возачкото седиште влегол 53-годишен битолчанец со иницијали В.С. за да го помести автомобилот, по што, според пријавата, го нападнал малолетникот.

Случајот бил пријавен во СВР Битола, од каде информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Полицијата работи на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Поврзани содржини