ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОЈУЗНИШТВОТО МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД Мицкоски се сретна со американскиот амбасадор во НАТО

Ја истакнавме важноста од континуирана координација, партнерство и заедничко дејствување во одговор на современите безбедносни закани, напиша Мицкоски , по средбата со постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер.

514

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со Метју Г. Витакер, постојан претставник на Соединетите Американски Држави во НАТО, на која разговарале за зајакнување на соработката во рамки на Алијансата, како и за актуелните безбедносни предизвици и заедничките приоритети во насока на унапредување на регионалната и глобалната стабилност.

„На средбата ја истакнавме важноста од континуирана координација, партнерство и заедничко дејствување во одговор на современите безбедносни закани“ напиша Мицкоски на Фејсбук.

Фото: Фејсбук страница на премиерот Христијан Мицкоски

 

Средбата, како што нагласува, е дел од напорите за продлабочување на сојузништвото и унапредување на соработката меѓу Македонија и САД во областа на безбедноста и одбраната.

 

Поврзани содржини